На 22 април ќе се знае дали Николовски ќе му плати 500 евра на Вице Заев

390

Во Граѓанскиот суд во Скопје денеска се одржа ново рочиште во судскиот спор помеѓу братот на премиерот Зоран Заев, Вице, и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, а на 22 април ќе се соопшти и пресудата.

Вице Заев го тужи Николовски за клевета и навреда бидејќи во изјава во која споменува „наместени тендери за братот на премиерот“. На денешното рочиште по барање на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се читаа текстови објавени на интернет портали за наводни бизнис зделки.

Николовски посочува оти изјавата ја дал како партиски функционер во опозицијата и дека критиката му е насочена кон Владата.

– Работата на опозицијата е да ја критикува власта – смета тој.

Адвокатот на Вице Заев, пак, смета оти Николовски ги повредил угледот и честа на братот на премиерот.

Како што е веќе познато од претходните рочишта, братот на премиерот бара отштета од 30.000 денари (околу 500 евра).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...