Нема да се почне со штрајкот со глад поради протестите на опозицијата, соопштил шефот на пратеничката група на српската владејачка партија СНС Александар Мартиновиќ.
Тој рекол дека одлуката била донесена утринава во консултации со претседателот Александар Вучиќ.
– Ако Ѓиласовците се решат на таков потег, истиот момент и нашите пратеници ќе стапат во штрајк. Ви ветувам дека нашиот штрајк ќе трае подолго од оној на Обрадовиќ – изјавил Мартиновиќ.
Тој ги споменал лидерите на протестите Драган Ѓилас и Бошко Обрадовиќ, кои опозицијата ги одржува секој викенд во Белград.
– Бошко Обрадовиќ се одлучи да штрајкува со глад веројатно да го скрие водачот Ѓичас, кој без храна веројатно не би можел ни неколку часа. Тој е навикнат на скапа храна, кавијар, скапи вина … Не може да издржи штрајк со глад – додал Мартиновиќ.
Министерот за одбрана Александар Вулин прв најави дека ќе штрајкува со глад. Според него, тоа се должи на насилството на опозицијата. Мартиновиќ рече дека пратениците ќе му се приклучат, но денеска се премислил.
ФОТО: Принтскрин / Пинк