Пуштете го Асанж или ќе платите, „Анонимуси“ со закани до Велика Британија

821
ФОТО: EPA / STRINGER

Хакери од меѓународната организација „Анонимуси“ се заканија на „британската Влада и нејзината кохорта (соработници, пријатели) ширум светот“ да го пуштат на слобода основачот на Викиликс Џулијан Асанж, кој вчера беше уапсен во Лондон, или ќе „платат“.

„Пуштете го Асанж на слобода или ќе платите“, се наведува во пораката.

Во неа се вели дека апсењето на Асанж, како и прогонот на „другите свиркачи“ на Викиликс испраќа јасна порака дека овие влади нема да се лишуваат од ништо за да ја сочуваат тајноста на своето дејствување.

Тие сметаат дека Асанж се смета за државен непријател само затоа што ги разоткрил злосторствата на левицата и десницата.

„Асанж нѐ предупреди на неговото претстојно апсење“, се посочува во пораката.

ФОТО: EPA / STRINGER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...