Сопругата на Пендаровски: Стево е столб на семејството, а таков ќе биде и за својот народ (ВИДЕО)

1389

Семејството е нешто на кое треба да се работи постојано, тоа понекогаш бара компромис, но се темели на љубов и почит, вели Елизабета Ѓоргиевска, сопругата на кандидатот за претседател Стево Пендаровски во новото видето што беше промовирано денеска на страницата на Фејсбук на Пендаровски.

– Не постои подобро чувтство од тоа дека некој е секогаш тука. Подадена рака. Заштита. Човек од збор. Да поттикне радост и да намали тага. Да не се повлече никогаш. Таков е Стево, го знам 23 години и отсекогаш знам дека тој е човекот на кој можам да сметам. Столб на семејството, а таков ќе биде и за својот народ, за својата земја. Токму затоа знам дека со него сите ќе одиме напред – вели Ѓоргиевска, која работи на Клиниката за детска и превентивна стоматологија и е професорка на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...