Над 25 милиони лица пријавени за 90.000 работни места во индиската железница

317

Над 25 милиони лица се пријавиле за работа во индиската железница

Повеќе од 25 милиони луѓе, повеќе од бројот на жители на континентот Австралија, се пријавиле за околу 90.000 работни места во Индиски железници, што го истакнува предизвикот со кој се соочува премиерот Нарендра Моди во однос на вработувањата во текот на неговиот мандат, јави „Ројтерс“.

Моди беше изгласан во 2014 година врз основа на ветувањата за економски раст во третата по големина економија во Азија и обезбедување на работни места за луѓето.

Од државната железница, што во моментов вработува 1,3 милиони луѓе, посочиле дека ќе отворат десетици илјади нови работни места – машиновозачи, техничари, инспектори техничари, столари идруги професии. Целта била да се подобри безбедноста на четвртата по големина железничка мрежа во светот.

Индиски железници се најголемиот работодавач во земјата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...