Апсењето на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, во амбасадата на Еквадор, каде што живееше од 2012 година, се најде на голем број насловни страници ширум светот.
„The Guardian“ пренесува оти на Асанж му се закануваат до пет години затвор во САД.
„The Times“ сугестира дека е можно Асанж да помине децении во затвор поради шпионски обвинувања, а може ќе му се стават на терет уште неколку обвиненија, ако биде екстрадиран. Медиумот пренесува оти Асанж со бела брада и долга коса бил влечен од амбасадата.
„The Daily Mail“ има фотографија од Асанж како се смее со кренат палец и лисици покрај напишаното „Тоа ќе ја избрише насмевката од неговото лице“.
И други медиуми го имаа на насловна Асанж, чие апсење беше главна тема во текот на вчерашниот ден.
ФОТО: The Guardian