Бројот 666 е владетелот – свиреп деспот, убиец, развратник и лажливец?

265

Професорот Ким Хејн-Јуцен од њујоршкиот Корнел Универзитет тврди дека го дешифрирал бројот 666, што многумина го сметаат за бројот на антихристот.

Во последната книга на Новиот завет – „Откровението на Јован”, сатаната именуван како 666 е опишан како голем црвен змеј со седум глави, опашка и десет рогови. Откако му објавил војна на архангел Михаил и другите ангели, чудовиштето е победено, оковано и фрлено во бездна, каде што треба „да гние со векови“.

Хејн-Јуцен, професор по древни средоземноморски религии смета дека тоа не било змеј, туку реална историска личност.

Според него, бројот 666 е криптирано име на римскиот император Нерон. Тој владетел бил свиреп деспот, убиец, развратник и лажливец. Неговиот историски морален профил е многу сличен на самата сатана. 3атоа и не е тешко да се верува во оваа теорија, смета истражувачот.

Во интервју на документарната серија на Нетфликс, „Историјата на Бога”, професорот објаснува дека 666 е еврејски еквивалент на – Nero Caesar (царот Нерон), кој владеел во 1. век  н.е., непосредно по смртта на Исус. Според правилата на хебрејскиот јазик, буквите во неговото име, погледнати како броеви, имаат збир 666 – бројот на антихристот.

Според одломка од стих, откриена во египетскиот древен град Оксириња, бројот на антихристот е 616. Во латинскиот јазик латински, името на Нерон Цезар е еквивалентно на 616, запишан со латински цифри.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...