Дедо силувал внука додека не забременила, а потоа монструмот направил нешто уште пострашно

најголемо злосторство доживеала кога останала бремена, а нејзиниот силувач тогаш извршил импровизиран абортус во домашни услови.

1066

Шарлота Вејд (22) од градот Бери во Велс, сексуално ја злоставувал Рејмонд Хоџс (73), таткото на нејзиниот очув, кога имала само пет години.

Меѓутоа, најголемо злосторство доживеала кога останала бремена, а нејзиниот силувач тогаш извршил импровизиран абортус во домашни услови.

Хоџс живеел во Саутенд на море, но доаѓал секој месец на неколку недели во куќата каде што Шарлота живеала со родителите. Манијакот прво постојано ѝ носел чоколади, а потоа во 2002 година ја прашал дали знае да се бакнува. Кога му одговорила дека не знае, тој ја бакнал и ѝ рекол дека тоа е нивна тајна.

Веќе наредната година Хоџс се преселил во Бери, а потоа почнал пеколот за оваа девојка. Таа раскажала дека секој викенд го поминувала кај силувачот и дека ја присилувал да го допира по гениталиите, а тој ти допирал нејзините.

– Ми се закануваше дека ќе ги повреди моите браќа, ако проговорам за она што ми го прави. Бев очајна во желбата да ги заштитам, поради што молчев. Една година подоцна, кога имав седум години, ме однесе во неговиот стан, ме турна на подот на дневната соба и ме силуваше. Болката беше неподнослива, а тој ми рече дека возрасните луѓе тоа го прават. Потоа, ми купи слатки во продавницата како ништо да не се случило. Се чувствував како во замка – раскажала девојката.

Меѓутоа, на манијакот тоа не му било доволно, па почнал и да ги снима силувањата, а доколку го одбиела, брутално ја претепувал, па дури и клоцал во стомакот, а еднаш ѝ ја изгорел раката на врел чајник.

Најлошата работа ѝ се случила во 2009 година кога имала 12 години. како што раскажала, менструацијата ѝ доцнела, па ја натерал да направи тест за бременост, но не ѝ дозволил да ги види резултатите. Хоџс го довел својот пријател, ја фрлилe девојката на подот, а потоа го извршиле абортусот во домашни услови.

– Чувствував дека ќе умрам од болки. Откако заврши ми рече дека повеќе нема да бидам бремена, а потоа ме остави да крвавам на подот – раскажала Шарлота, додавајќи дека потоа редовно ја силувал секој викенд во наредните две години.

Дури кога нејзината мајка се скарала со манијакот, силувањата престанеле. Но, оставиле трајни последици на девојката, која пробала дури и да се самоубие повеќепати.

Го пријавила во 2016 година, после што го обвиниле по дури 24 точки. По две недели, бил осуден по сите точки и добил 25 години затвор.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...