И покрај поразот од 2:0 на првиот натпревар од четвртфиналната пресметка во Лига Европа, тренерот на Наполи, Карло Анчелоти е оптимист дека неговиот тим во реваншот ќе може да ја надополни негативата.
– Изненаден сум од нерешителноста на некои играчи што ја покажаа во одделни ситуации. Ќе биде тешко да се поправат нештата, но сега ќе играме дома. Навивачите треба да ни помогнат. Во второто полувреме игравме подобро, создадовме шанси, па се надевам на враќање на средбата. На реваншот ќе биде тешко, но не и невозможно – изјави Анчелоти.
Возвратниот натпревар е закажан за 18 април во Неапол.
ФОТО: EPA / MELANIE DUCHENE