Најмалку 17 лица загинаа, а 36 други се повредени минатата ноќ при сообраќајна несреќа на минибус во источна Турција, соопшти турската полиција.
Како што јави Анадолија, минибусот превезувал илегални мигранти од Пакистан, Авганистан и Иран.
Засега нема детали за несреќата и за причините кои довеле до неа.
Во минибусот, кој е предвиден за најмногу 14 патници, имало над 50 мигранти.