Времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено попладне.
Утринската температура ќе се движи од четири до 10 степени, а дневната температура од 12 до 21 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено попладне.
Утринската температура ќе достигне до осум степени, а дневната температура до 20 степени.
Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови.