Советот за безбедност на Обединети нации утре ќе одржи итна седница за ситуацијата во Судан, изјави портпаролот на мисијата на Русија во ОН Фјодор Стржижовски.
– Се очекува утре, по консултациите за Колумбија, да се разговара за ситуацијата во Судан – изјави рускиот дипломат.
Според претходните информации, САД и ЕУ побарале Советот за безбедност на ОН да се одржи зад затворени врати.
Суданската армија денеска ја собори власта на претседателот Омар ал-Башир, го суспендираше Уставот, го распушти Парламентот, Владата и локалните власти и прогласи тримесечна вонредна состојба. Формиран е воен совет, кој ќе владее со земјата две години.