Легендарниот дефанзивец на Милан, Паоло Малдини, призна дека клубот не бил изненаден од одлуката на УЕФА да го постави под мониторинг гигантот од Италија.
Вчера, УЕФА објави порака дека Милан ќе биде набљудуван заради нарушувањата на финансискиот ферплеј.
– Веста не нѐ изненади. Секоја недела разговараме со УЕФА. Минатата година бевме исфрлени од европските турнири, но потоа КАС интервенираше. Ние сме подготвени за сѐ и имаме многу оружја. Ние не сакаме да одиме во конфронтации без дијалог. Финансискиот ферплеј беше воведен за да ги елиминира задолжувањата на клубовите во Европа. Сепак, тоа не дозволува стабилните клубови да работат на трансфер пазарот – рече Малдини за „Спорт Медијасет“.
Малдини додаде дека останувањето на Тимуе Бакајоко во тимот е врзано со евентуалниот пласман на тимот во Лигата на шампионите.
– Бакајоко покажа одличен карактер. Тој не го започнал својот престој добро во Милано, но потоа се промени. Ние сме среќни со тоа и ќе се обидеме да го задржиме, иако тоа зависи од нашиотконечен пласман и финансискиот фер-плеј. Би било лошо ако не се квалификуваме во Топ 4 по шести пат по ред – заврши легендата.
Фото: EPA/FEDERICO PROIETTI