Петгодишно девојче се удави во Маркова Река

550

Петгодишно девојче вчера се удави во водите на Маркова Река.

– На 10 април во 15.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на стариот пат за село Батинци, Скопско, петгодишно девојче, додека играло со други деца, а нејзините родители присуствувале на свадба, паднало во Маркова Река. Лекар од ИМП констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на семејството

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...