Пендаровски: Штабот на Силјановска пушти спот против мене на невидено ниско ниво

4883

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски го оцени досегашниот тек на предизборна кампања во рамки на очекуваното и предвидуваното ниво на коректност, со одредени исклучоци, пред сè во користењето пораки што ги смета за некоректни и навредливи.

– Деновиве се емитува еден рекламен спот, што мојот главен противкандидат од опозициската партија го продуцираше. Значи, материјалот е сертифициран и одобрен од нејзиниот штаб, а не од некој поддржувач на социјалните мрежи. Тоа оди на многу ниско лично ниво, оди на дисквалификации и навреди, што според нивото на примитивност не е забележано во поновата македонска политичка историја. Зборувам за официјални видеа на некој од кандидатите, но сметам дека комуникацијата со граѓаните во останатиот дел, до сега е на разумно или пристојно ниво. Така очекувам да остане и во наредните денови кога имаме уште две дебати на две национални телевизии – рече Пендаровски.

Во комуникацијата со граѓаните и со гласачите, според Пендаровски, забележливо е дека има позитивен пристап и импресиите се дека се води една од покоректните предизборни кампањи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...