Се намалува бројот на грипозни, нови 283 заболени за една недела

37
Од 1. април до 7. април во државава се регистрирани 283 заболени од грип, што е за 40,8 отсто помалку од претходната недела, кога беа регистрирани 478 заболени. Не се  регистрирани смртни случаи асоцирани со грип, се наведува во денешниот извештај  на Институтот за јавно здравје.

Во оваа сезона вкупниот број заболени од грип изнесува 20.940.

Оваа недела во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 18 материјали за тестирање на грип, од кои седум (38,8 отсто) позитивни за присуство на вирусот на грип – четири Influenza A(H3), еден Influenza A(H1)pdm и два Influenza А несуптипизиран.

Изминатата недела најголем број заболени лица (191) се пријавени во најголемата возрасната група од 15 до 64 години, додека највисока инциденца од 17,9 на 100.000 жители е регистрирана кај возрасната група лица постари од 65 години

Оваа недела пријавени се заболени лица од 21 извештајни единици. Најголем број заболени лица се пријавени од Подрачната единица Гостивар – 58.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...