Повеќе од 42 илјади млади ја потпишаа петицијата во Холандија со која се бара проституцијата да стане кривично дело.
Според актуелниот закон, во случај на взаемна согласност, легално е возрасни лица да плаќаат за секс.
Организаторите на петицијата бараат проституцијата да биде регулирана согласно т.н. „северен модел“. Тоа значи дека проституцијата би била незаконска, а би се казнувале само клиентите кои плаќаат за сексуални услуги. Сепак, здружението на амстердамските сексуални работнички не се согласуваат со таа иницијатива. Тие веруваат дека системот со кој се казнуваат клиентите би ги повредил и проститутките, бидејќи промената на околностите би ги натерала да работат во илегала.
Според холандскиот закон, со оглед на бројот на потписници, Парламентот мора да се занимава со тоа прашање, но локалните медиуми посочуваат дека е мала веројатнота проституцијата во Холандија да стане нелегална.