Кинези помогнати од цариник во 7 торби шверцувале стаклена јагула вредна 120.000 евра до Куала Лумпур

Л.Х. формирал криминална група за криумчарење на недозволени стоки и противправно набавил поголема количина стаклена јагула, која е редок подмладок на јагулите и претставува загрозен вид во Европа. Tранспортот на стаклената  јагула требало да се изврши на релација Софија - Меѓународен аеродром Скопје до Куала Лумпур, Малезија, каде што како купувач се појавува лице по име С.Н. од Малезија.

644

Двајца Кинези, Бугарин и кумановчанец, помогнати од цариник вработен на Деве Баир се обиделе да прошверцуваат 60 килограми на подмладок од стаклена јагула во вредност од 90.000 до 120.000 евра, но биле откриени од полицијата на патот Деве Баир-Крива Паланка-Куманово. Сите заработиле кривични пријави за кривично дело „криумчарење“ и „злосторничко здружување“. 

Кривична пријава против Л.Х.(44) од Народна Република Кина, со живеалиште Кралство Шпанија, В.В.М.(54) од Република Бугарија, Ј.П.(38) од  Народна Република Кина, со живеалиште во Софија, Р.Бугарија, против С.П.(41) од село Режановце, кумановско и против И.А.(44) од Крива Паланка, вработен во Царинската управа на Р.С. Македонија,  граничен премин „Деве Баир“, поднесе СВР Куманово до надлежното јавно обвинителство.

Пријавите се поднесени поради постоење основи на сомнение дека Л.Х. В.В.М., Ј.П. и С.П. и И.А. сториле кривично дело „криумчарење“  во врска со кривичното дело „злосторничко здружување“ од Кривичниот законик.

Л.Х. формирал криминална група за криумчарење на недозволени стоки и противправно набавил поголема количина стаклена јагула, која е редок подмладок на јагулите и претставува загрозен вид во Европа. Tранспортот на стаклената  јагула требало да се изврши на релација Софија – Меѓународен аеродром Скопје до Куала Лумпур, Малезија, каде што како купувач се појавува лице по име С.Н. од Малезија.

Л.Х. набавил 60 килограми на подмладок од стаклена јагула во вредност од 90.000 до 120.000 евра спакувана во 42 најлонски кеси со компресиран кислород кои ги сместиле во седум големи патни торби. J.П. набавил парични средства во кеш во износ од 10.000 евра во противредност на бугарски левови, по што на 03.04.2019 година Л.Х., В.В.М. и Ј.П. ги натовариле патните торби со стаклена јагула во комбе „Мерцедес“ со бугарска национална ознака. Откако обезбедиле авионска карта за патување за В.В.М. на релација Скопје-Истанбул-Куала Лумпур, заминале за Скопје. На граничниот премин „Деве Баир“ ги чекал С.П., кој имал задача да обезбеди непречин премин при царинска контрола на македонска страна. По пристигнување на царинска контрола кај И.А., тој без задржување ги пуштил да го напуштат граничниот премин без царинска контрола на багажот.

Подоцна, на магистралниот пат Деве Баир-Крива Паланка-Куманово нивното возило било запрено од полициската патрола. При прегледот на возилото биле пронајдени седумте куфери со стаклена јагула, по што лицата биле приведени во СВР Куманово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...