Дете го заклучило таблетот на својот татко до 2067 година

254

Њујорчанецот Еван Оснис на Твитер побара помош, откако неговиот тригодишен син му го заклучил Ајпадот до 2067 година.

– Ова изгледа лажно, но сепак, ова е нашиот Ајпад денеска, откако нашиот тригодишен син „се обидуваше“ (повеќепати) да го отклучи. Идеи? – гласи објавата на Оснис.

Пораката на екранот гласела: „Обидете се повторно за 25.536.442 минути“. Тоа се 48 години.

Меѓу советите од типот „Стави го во вреќа со ориз“ и „Времепловот ти е најдобра варијанта“, дојде и вистинското решение. Централата на Епл се јави со опцијата да се отстрани проблемот, но со опасност податоците на таблетот да бидат загубени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...