Укината забраната за движење во шуми и шумски подрачја

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство инфомрира дека екипите од Државниот инспекторат за земјоделство, Шумската полиција и Државниот инспекторат за шумарство и ловство и во следниот период ќе ја следат состојбата на терен.

64

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја укина забраната за движење во шуми донесена на 29 март откако тоа го побара Јавното претпријатие „Национални шуми” .

Одлуката за делумна забрана за движење во шума беше донесена поради појавата на голем број шумски пожари, а се укинува поради тоа што моментално нема активни пожари и нема опасност од појава на нови шумски пожари.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство инфомрира дека екипите од Државниот инспекторат за земјоделство, Шумската полиција и Државниот инспекторат за шумарство и ловство и во следниот период ќе ја следат состојбата на терен.

Сепак, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство постетува дека е забрането палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци  во ловиштата и на земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита на шумски пожари.

За непочитување на одредбите од Законот за ловството се предвидува глоба во износ од 1500 до 3000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице согласно член 79 од Законот за ловството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...