Коста ќе биде суспендиран осум натпревари и ќе го пропушти остатокот од сезоната

199
ФОТО: EPA / JAVIER ZORRILLA

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста ќе биде суспендиран осум натпревари поради навреда на судијата Хесус Хил Манзано на натпреварот од 31. коло во фудбалскиот шампионатот на Шпанија против Барселона.

Според извештаите на медиумите, Дисциплинската комисија на Ла Лига ќе го дисквалификува Коста осум натпревари – четири за навреда на арбитерот, а уште четири бидејќи напаѓачот го зграпчил судијата.

До крајот на шампионатот во Шпанија има уште седум кола.

ФОТО: EPA / JAVIER ZORRILLA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...