Босанска професорка се сликала гола во училница

4852
ФОТО: Фејсбук

Медиумите во Сараево објавиле дека наводно, професорка по босански јазик и книжевност се сликала гола во училница.

– Фотографијата е украдена од приватни разговори со мојот сопруг. Никогаш никаде не сум ја објавила. Во последните десет години, колку што имам профил, Фејсбук ми беше хакиран повеќе од 50 пати – изјавила Берина Фатиќ.

Таа сметала оти одамна злонамерни лица се обидувале да и ги уништат животот, кариерата и бракот.

– Не сакам да вовлекувам политика, но откако почнав да зборувам јавно за некои работи, почна кампања против мене и мојот сопруг – додала таа.

Фатиќ нагласила дека со својот живот и профилите на социјалните мрежи има право да прави што сака, како и тоа дека никогаш не ја објавила во јавност, фотографијата на која е гола во училиштето.

– Наставата ја водам закопчана до грло. Секоја фотографија од училиште е промоција за него. Тоа што сум на улица така облечена, тоа е моја работа. Такви фотографии има уште. Ако се појави уште некоја, ќе биде објавена од истиот извор, односно, од разговорите со мојот сопруг на интернет – појаснила професорката.

Како што се наведува, спорната фотографија кружела на Вибер со месеци. Полицијата изјавила оти не може да направи ништо, бидејќи нема основа за тужба.

За дваесет години, колку што работела во училиштето, немало никаква замерка за нејзината работа од ученици или родители.

ФОТО: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...