Војник погоди натрапник во пета во Аеродром

777

Утриванава десетина минути пред три часот, војник стражар во касарната „Гоце Делчев“ во скопски Аеродром, спречил обид за насилен влез, соопшти Министерството за одбрана.

– Војникот што бил на стража постапувајќи според пропишаните процедури и постапки повеќе пати вербално го предупредил лицето, но откако се оглушило на предупредувањата, стражарот испукал два предупредувачки истрели во воздух. Лицето и понатаму се оглушувало на предупредувањата при што со еден од истрелите бил погоден во петицата на десната нога. Согласно процедурите му била пружена прва помош и бил транспортиран во болница. Веднаш се известени надлежните истражни органи – соопштија од Одбрана.

Воена полиција, МВР и јавен обвинител излегле на местото на настанот и, како што наведуваат, сите релевантни информации и докази за настанот се предадени на надлежните органи кои работат на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...