Татко на тинејџерка која загина во нишкиот автобус: Погледни што уби, одиш во затвор а моето дете гние во гроб

1429
ФОТО: Принтскрин

Погледни што уби. Ти ќе одиш во затвор, а моето дете гние во гроб. Ова го изјавил таткото на 16-годишната Маријана Коциќ, една од седумте загинати во нишкиот автобус, на суд обраќајќи му се на возачот.

За трагедијата која се случи на 21 декември, зборувала и мајката на 15-годишниот Алекса Димитријевиќ.

– Го родив, го учев да чита, да пишува, порасна во момче, а тогаш еден ваков човек му го зема животот. И доживотна робија е малку за тоа – кажала таа.

Обвинителството бара максимална казна од осум години затвор за возачот на автобусот.

Патниците кои имале среќа да ја преживеат несреќата, кога воз буквално го преполовил автобусот, изјавиле оти се разочарани со висината на казната која му се заканува на возачот.

ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...