И денеска нестабилно, утре и задутре дожд

258

Времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер, особено во северните и во источните делови.

Утринската температура ќе се движи од два до 10 степени, а дневната температура од девет до 23 степени.

Во Скопје ќе биде ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе достигне до девет степени, а дневната температура до 19 степени.

Продолжува периодот на променливо и нестабилно време со локални врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат од петок попладне, во текот на ноќта и во сабота, кога ќе има пад на дневната температура.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...