Едногодишно девојче починало во Србија откако изело отров за глодари, пренесуваат српските медиуми.
Мајката кажала дека го нашла своето дете како јаде од отровот, веднаш го однела во болница, но по 24 часа тоа починало.
Полицијата во Пожаревац ги истражува околностите под кои дошло до оваа трагедија.