Во периодот од 19 март до 8 април годинава комуналната инспекција на Општина Струмица изрече девет прекршочни санкции со издавање мандатен платен налог и една санкција со издавање прекршочен патен налог откако овластените комунални инспектори и комунални редари затекнале прекршители како фрлаат отпад и го палат, информираат од Општината.
Инспекторите вршеле вонредни инспекциски контроли на фрлање и палење отпад на јавни површини во две смени во сите денови од неделата, при што акцентот бил ставен на локации каде што има детектирано создавање диви депонии.
Во неколку случаи, а во соработка со МВР и ТППЕ Струмица, инспекторите делувале превентивно во поглед на гаснење на запален отпад, односно спречување на ширење на пожари.
Од Општина Струмица посочуваат дека инспекциските контроли ќе се вршат континуирано и во наредниот период.