Јапонскиот цар Акихито (80) и царицата Мишико денеска прославуваат 60 години брак и тоа само три недели пред најавеното абдицирање.
Двојката се сретнала во 1957 година на тениски турнир, а се венчале во 1959 година, со што Акихито стана првиот јапонски цар кој се оженил со девојка без благородничко потекло. Мишико, покрај тоа, била воспитана како католик.
Тоа е само една од многуте промени што Акихито ги внесе во јапонската Монархија стара 1.500 години. Двојката, исто така, ја напушти традицијата, со тоа што одлучија сами да ги воспитуваат своите деца, па и почесто да се обраќаат кон јавноста.
Тој ќе биде и првиот цар кој се повлекол од престолот пред смртта.
Денешната прослава ќе биде нивна последна во 30-годишното владеење на Акихито.
Царот ќе абдицира на 30 април и следниот ден ќе му го отстапи престолот на својот постар син Нарухиту.
Царот Акихито во август 2016. изрази желба да се повлече поради старост. Јапонскиот Парламент потоа изгласа нов закон со кој му се дозволува на царот да абдицира во корист на синот.
ФОТО: МИА