Новоизбраната претседателка на Словачка, Зузана Чапутова, две недели по победата на претседателските избори, приватно ја посети Прага. Синоќа таа вечераше со заменикот на опозиционата ТОП 9 и бивш министер за надворешни работи, Карел Шварценберг, кој ја поддржа во кампањата, а пред тоа се состана и со Михаел Жантовски, директор на библиотеката Вацлав Хавел.
Чашутова исто така присуствуваше на концертот на Боб Дилан во палатата Луцерна во Прага.
– Зузана Чашутова дојде во Прага приватно, на концертот на Боб Дилан и на средба со Карел Шварценберг, а нејзините пријателки ја повикаа на вечера пред концертот – изјави нејзиниот гласноговорник Мирослав Хлавач.
ФОТО: EPA / MARTIN DIVISEK