Легендата на Лос Анџелес Лејкерс, Меџик Џонсон, ја објасни својата одлука да се повлече од претседателското место во клубот.
Тој призна дека оваа функција не му донесе многу задоволството.
– Бев посреќен кога не бев претседател. Тоа беше тешка одлука. Плачев. И сега сум подготвен да плачам. Тешко е кога многу го сакаш клубот. Сакам повторно да се забавувам. Сакам да бидам каков што сум бил пред оваа работа – изјави Џонсон.
Тој смета дека со ангажирање на уште некој квалитетен кошаркар, дека тимот ќе биде конкурентен следните сезони.
– Го имаме Имаме Леброн. На лето, уште една голема ѕвезда мора да дојде, а потоа тимот ќе може да се бори за висок пласман.
ЛА лејкерс оваа сезона не успеаја да изборат пласман во плејофот и покрај тоа што во своите редови го имаа еден од најдобрите играчи на светот Леброн Џејмс.
ФОТО: EPA / MICHAEL NELSON