Владата срамежливо го осуди говорот на поглаварот на ИВЗ дека македонскиот народ е див

588

Од Владата го осудија говорот на поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи, во кој тој на трибина рече дека македонскиот народ е див и затоа нема идентитет.

На прашање за конкретниот говор, од Владата одговорија генерално за секаков говор на омраза.

– Владата го осудува секој говор на омраза, без разлика дали е искажан на социјални медиуми, на трибини или каде било – вели владиниот портпарол, Миле Бошњаковски.

За скандалозниот говор на првиот човек на ИВЗ, Хелсиншкиот комитет поднесе и кривична пријава.

Жестока реакција за Реџепи имаше и пратеникот Мухамед Зекири, кој го нарече поглаварот на ИВЗ дека е срам за сите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...