Бразилците во бело, како на Мундијалот 1950 година

135

Бразилскиот фудбалски сојуз (ЦБФ) ја презентираше опремата која ќе ја користат фудбалерите на Копа Америка 2019. Фотографиите беа објавени на официјалниот твитер-профил на ЦБФ.

Овој пат, основниот сет на „кариоките“ е комбинација на бела и сина боја, (бела маичка, сини шорцеви). Резервен сет е жолто-зелена форма.

Во бело, бразилската репрезентација играше на Светското првенство во 1950 година. Американскиот куп оваа година ќе се одржи во Бразил од 14 јуни до 7 јули. Бразилците ќе играат во групата А со Боливија, Венецуела и Перу.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...