Гвардиола: Следниот пат Агуеро ќе постигне гол

132
ФОТО: EPA / FRIEDEMANN VOGEL

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, не беше многу загрижен по синоќешниот пораз од Тотенхем на гостувањето во Лондон (1:0) во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

„Граѓаните“ загубија со гол примен во завршните 15 минути, а пропуштија пенал преку Агуеро за водство во првото полувреме.

– Ние создадовме шанси. Не беше само пеналот. Ја контролиравме играта и не дозволивме противникот многу да нападне. Резултатот не е најдобар, но за да одиме понатаму, треба да бидеме ефикасни. Постојат клучни моменти во фудбалот. Игравме добро, но ова е Лига на шампиони, ова е тест за нас. Пропуштениот пенал на  Агуеро? Следниот пат тој ќе го погоди. Сега треба да се подготвиме за следниот меч со Кристал Палас. Немаме време да размислуваме за Тотенхем – истакна Гвардиола.

ФОТО: EPA / FRIEDEMANN VOGEL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...