Турција негира дека поморот на делфини е поврзан со воени вежби

167

Турската армија ги негираше обвиненијата на грчкиот институт за заштита на морската средина дека поморските вежби кои неодамна ги спроведе се причина за масовен помор на делфини.

Како што јави Танјуг, турската армија на својот профил на Твитер наводно објавила видео снимка и фотографии од делфини за кои наведува дека се гледа како делфините „весело ги следат“ бродовите за време на вежбите.

Грчкиот институт „Архипелагос“ во понеделникот соопшти дека на бреговите на Егејското Море, од крајот на февруари, биле пронајдени 15 мртви делфини. Институтот не можеше да докаже дека поморот на делфините е поврзан со вежбите на турската армија, но нагласи дека до порастот на бројот на настрадани делфини дошло во периодот од 27 февруари до 8 март, кога биле спроведени вежбите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...