Пендаровски: ЕУ отвроа можности за конкурентност на земјоделските производи на пазар од 500 милиони жители

87

Како претседател на државата се обврзувам дека неуморно ќе работам на довршувањето на процесот на нашето зачленување во НАТО и ќе бидам предводник на реформските процеси што ќе доведат до скоро членство на нашата држава во Европската унија, порача од Демир Капија заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски.

Тој додаде дека напредокот кон ЕУ отвроа можности за искористување на фонодивите за развиено земјоделство и што е поважно, конкурентност на нашите земјодески производи на пазар од 500 милиони жители.

– Ги поддржувам политиките на Владата и на Парламентот што носат перспективи за земјоделците,  нови и добро платени работни места, нови директни домашни и странски инвестиции, социјална сигурност, грижа за ранливите групи во нашето општество и севкупен економски и социјален развој. Границите на Република Северна Македоија сега се гарантирани од светските сили, тоа е најголемиот дострел. На иста маса седиме  со најмоќните држави и ја прашуваат Северна Македонија што мисли. Сега е време да продолжиме напред, за да се посветиме на темите за подобар живот – рече Пендаровски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...