Хрватска демантира дека цензурирала и прислушувала словенечки функционери

135

Хрватската Влада денеска категорично ги отфрли наводите за обид за влијание врз словенечките медиуми, а хрватската разузнавачка служба ги негираше обвинувањата за прислушување словенечки функционери.

– Најодлучно и во целост ги отфрламе сите наводи за обиди на какво и да е влијание на хрватската Влада на словенечките меидуми – се наведува во соопштението од Владата.

Реакцијата доаѓа по тврдењата на словенечките медиуми дека првиот човек на австриска Стирија во Хрватска Иван Тољ, претставувајќи се како посредник на хрватската Влада, се обидел да ги спречи словенечките медиуми за објават репортажа за наводно дејствување на хрватските разузнавачки служби во таа земја.

На обвинувањата од Љубљана реагираше и Безбедносната разузнавачка агенција (СОА), која во одговор до медиумите оцени дека станува збор за „неточни и тенденциозни конструкции“.

– СОА не ги коментира медиумски шпекулации, но ве известуваме дека написите кои се однесуваат на СОА се неточни и тенденциозни конструкции. Станува збор за продолжување на медиумската кампања на одредени медиуми во БиХ, со кои се сакаше да се компромитираат СОА и Република Хрватска преку лажни обвинувања за регрутирање салафити за криумчарење оружје во БиХ и незаконско дејствување на СОА против соседните држави“, наведе хрватската разузнавачка агенција.

Со демант се јави и хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.

– Претседателката на Републиката не и никогаш не би барала некоја тема да се повлече од словенечки медиуми – ниту директно, ниту со посредник. За пишувањето на словенечките медиуми дознавме од тие медиуми. Факт е дека Словенија го прекрши арбитражниот договор, а со тоа и меѓународното право, што резултираше со неуспех на арбитражата. Станува збор за правосуден скандал, а не за разузнавачка проблематика и го отфрламе овој обид за замена на тези – се наведува во соопштението од нејзината Канцеларија.

Словенечкиот премиер Марјан Шарец за денеска попладне свика итна седница на словенечкиот Совет за национална безбедност поради наводно дејствување на хрватската Безбедносно разузнавачката агенција (СОА) во Словенија.

Поради тоа, хрватскиот амбасадор е повикан на разговор во словенечкото Министерство за надворешни работи, а словенечката амбасадорка е повлечена на консултации во Љубљана.

Словенечките медиуми пред една недела објавија дека Давор Франиќ, секретар и шеф на кабинетот на директорот на СОА, Даниел Маркиќ, стои зад прислушувањето на словенечкиот претставник во Арбитражниот суд, Јернер Секолец и словенечката претставничка пред судот од Министерството за надворешни работи, Симон Дреник, што се случи во 2015 година.

ПОП-ТВ, пак, вчера објави дека Тољ, првиот човек на медиумската куќа Стирија, под која спаѓаат дневните весници „Вечерњи лист“ и „24сата“, се обидел да го спречи емитувањето на репортажата за прислушувањето.

Поради тоа, партијата Социјални демократи (СД), една од членките на владејачката коалиција, побара итна седница на словенечкиот Совет за национална безбедност, чие барање Шарец го прифати.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...