Градоначаникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, вчера го понесе атмосферата и не одолеа на зурлите и тапаните па се фати на оро по одржувањето на трибината на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.
– Историјата ја пишуваат државниците. Ѓорче за Европа и НАТО. Заедно кон нова победа. Заедно напред со Стево Пендаровски! – напиша Наумоски на својот профил на Фејсбук.