Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер прокоментира дека е тешко да се запре ѕвездата на Барселона, Лео Меси, но сепак мисијата не е невозможна.
„Црвените ѓаволи“ и каталонците ќе се соочат утре, 10 април на Театарот на соништата во средба од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
– Меси е фантастичен. Тој влезе во историјата како еден од најдобрите фудбалери. Тешко е да се запре, но тоа не е невозможно. И сепак не зборуваме само за Меси против Јунајтед, туку за Меси, Кутињо, Суарез и Видал. Меси е еден од најдобрите во светот. Оваа сезона игравме со Кристијано, Мбапе, Азар. Ќе видиме што ќе правиме утре – изјави Солскјер на редовниот прес пред дуелот во ЛШ.
Во однос на тоа дали ова енеговиот најважен дуел откако е на чело на Јунајтед, Норвежанецот вели дека за него секој натпревар е важен.
– Секој следен меч е најважен. Против Барселона мораме да бидеме на највисоко ниво бидејќи тоа е клуб со историја, квалитети, индивидуали и одлични играчи – смета Солскјер.
Тој додаде дека се надева дека Немања Матиќ ќе биде фит за натпреварот, но дека Ерера сигурно ќе биде аут од групата.вз
Мечот почнува од 21 часот