Заев и Мицкоски синоќа преговарале за СЈО

1379

Премиерот Зоран Заев и министерката за правда, Рената Дескоска, синоќа се сретнале со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и п адвокатот Тони Менкиковски, кој го предводи преговарачкиот тим на опозицијата, потврдуваат за Плусинфо извори упатени во преговорите.

Тие разговарале за Законот за јавно обвинителство со кој се решава и судбината на СЈО, но се договориле да не излегуваат со детали во јавноста додека да се постигне некаков договор.

На средбата е направен некако напредок, а следната се очекува да се случи за многу бргу.

Информацијата ја потврдија и од Министерството за правда, соопштувајќи оти клучните разлики и натаму остануваат.

– Со оглед на тоа што клучните разлики остануваат, двете страни се согласија консултациите за законот да продолжат. Уште еднаш потенцираме дека сите политички партии треба да дадат приоритет на европската перспектива на нашата држава, земајќи ги предвид препораките на Европската Унија и меѓународната заедница кои се однесуваат на владеење на правото и правната држава, а кои се клучни за отпочнување на преговори со Европската Унија – соопшти Министерство за правда.

Заев вчера во текот на денот рече дека прифатиле голем дел од сугестиите на ВМРО-ДПМНЕ и изработиле нова верзија на Законот. Во најголем дел, станува збор за амандмани кои се однесуваат на транспарентноста и етиката во обвинителската работа.

Како што е познато, „најболното“ прашање е што да се случи со истрагите отворени по истекот на 18 месеци. Власта предлага „бомбите“ во тие случаи да не бидат доказ туку само индиции, а истрагите да си продолжат, а ВМРО-ДПМНЕ, пак, бара истрагите да запрат.

Различни ставови има и за статусот на СЈО, но за тоа постои оптимизам да се постигне договор. Почетните ставови за ова прашање на власта се тоа да биде посебно обвинителство во рамки на обвинителскиот систем во Северна Македонија кое ќе има посебен буџет и поголема автономија, додека опозицијата е на тоа СЈО да биде само оддел во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...