Водостоите на Охридското и Преспанското Езеро се пониски од повеќегодишниот просек за овој месец, додека нивото на Дојранското Езеро е за речиси три метри повисоко од вообичаеното. Сепак, кај водостоите на трите природни езера нема промени во однос на вчера.
Хидрологот Атанас Угрински од УХМР појаснува:
– Нивото на езерото е безмалку 3 метри зголемено, но нагласуваме, тоа е во однос на повеќегодишниот просек во кој е вклучен и сушниот период од 90ите години кога Дојранското езеро беше речиси скроз повлечено. Се смета нивото во однос на тој водостој – нагласува Угрински.
Инаку, водостојот на Дојранското езеро денеска и вчера изнесува 147,21 см, а просекот за април е 144,31 см, според дневната информација од УХМР.