Со видео прирачник ДИК ќе ги едуцира изборните органи

89

Државната изборна комисија објави видео прирачник за едукација на членовите на општинските изборни комисиии и на избирачките одбори за спроведување на гласањето во странство за претстојните претседателски избори.

Во видеото и во елоктронски приложениот прирачник се содржани насоки и информации за комисиите и изборните органи кои ќе го спроведуваат процесот на гласање. Целта на прирачникот, како што наведува претседателот на ДИК Оливер Дерковски, е да помогне за законито, квалитетно, стручно и навремено исполнување на сите активности кои произлегуваат од надлежностите на изборните органи предвидени со изборната регулатива.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...