Британскиот Парламент со закон ја примора Владата да побара ново одложување на Брегзит

288
ФОТО: EPA / ANDY RAIN

Британскиот Парламент усвои закон со цел да ја принуди Владата да побара од лидерите на ЕУ ново одложување на Брегзит, за да се избегне излез без договор на 12 април.

Парламентот денеска ќе расправа колку да се продолжи рокот за заминување од ЕУ. Премиерката Тереза Мај сака Брегзит да биде одложен до 30 јуни.

Владата беше против овој закон, бидејќи тој може да го ограничи нејзиното поле за маневри во преговорите со лидерите од ЕУ. Донесен по иницијатива на пратениците, законот фактички го менува нормалниот редослед според кој Парламентот дебатира и прифаќа предлог-законите предложени од Владата. Тоа значи дека Меј денеска во Парламентот треба да поднесе предлог за новиот краен рок за Брегзит кој ќе биде одобрен од пратениците. Потоа таа ќе упати соодветното барање до ЕУ, на утрешниот состанок на Европскиот совет во средата, кој може да го прифати или одбие предлогот.

ФОТО: EPA / ANDY RAIN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...