Кичевци пред митингот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатката за претседателка Гордана Силјановска Давкова со плакат укажаа дека се наоѓа во Кичево, а не во Кочани, откако Силјановска на митингот во Кочани направи гаф и рече дека свекрва ѝ е од Кичево, па се извини и поправи дека е од Кочани.
На митингот во Кичево, беше дочекана со плакат на кој пишуваше „Ова е Кичево, не е Кочани!!! ИмаТ разлика“.
– Најдобар синоним за младите е слободата. Кога тие се слободни се и креативни. Им честитам на креативноста. Морам да признаам дека ме насмеавте. Но, сакам да истакнам дека ќе се борам за сите подеднакво, како Кичевци, така и Кочанчани и сите останати – напиша Силјановска во опис на фотографијата од Кичево која ја објави на Твитер.
Најдобар синоним за младите е слободата. Кога тие се слободни се и креативни. Им честитам на креативноста. Морам да признаам дека ме насмеавте. Но, сакам да истакнам дека ќе се борам за сите подеднакво, како Кичевчани, така и Кочанчани и сите останати. pic.twitter.com/IzdKQAICYs
— Гордана Сиљановска Давкова (@gogamkd) April 8, 2019