ВМРО-ДПМНЕ: Заев не го прочитал новиот предлог на Десковска за СЈО, не прифаќаме земи или остави

1231

Ја демантираме изјавата на премиерот Зоран Заев дека се прифатени дел од забелешките на ВМРО-ДПМНЕ во однос на преговорите за законските нормативи од областа на обвинителството, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

– Или господинот Заев го нема прочитано новиот предлог кој министерката за правда, Десковска го достави до претставникот на ВМРО-ДПМНЕ или пак Заев продолжува свесно да не ја говори вистината во јавноста и фингира дека наводно власта е кооперативна. Неприфатлива е реториката на власта и принципот земи или остави кои не одат во интерес на процесот, стои во ракцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, власта може на вештачки начин да оформи двотретинско мнозинство како што и практично покажа во изминатиов период но тоа нема да донесе квалитет на реформите ниту пак ќе им даде легитимитет без договор со ВМРО-ДПМНЕ.

– Евентуално такво водење на процесот подразбира покажување на мускули во политиката и никако не може да биде реформа туку алатка за пресметка на Заев со политичките неистомисленици – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...