ДИК: Ќе нема гласање на 82 избирачки места оти таму нема 10 гласачи

534

Во избирачките места во кои има помалку од десет избирачи нема да се одвива гласање. Граѓаните ќе гласаат во најблиското соседно избирачко место кое не треба да биде подалеку од три километри. Ова го изјави претседателот на државна изборна комисија (ДИК), Оливер Деркоски на денешното отворање на 31 седница.

Граѓаните ќе бидат известени од општинските изборни комисии каде ќе можат да го остварат своето избирачко право.

– Поради миграцијата и морталитетот во државата постојано се намалува бројот на гласачи, па така постојат одредени гласачки места кај што бројот на гласачите е помал од 10, што е основен минимум за организирање и спроведување на избори. Во оваа ситуација, такви избирачки места има 82, на подрачјето на 28 општински изборни комисии, и тоа во општините: Македонски Брод, Сопиште, Старо Нагоричане, Велес, Зелениково, Кочани, Кратово, Петровец, Пробиштип, Свети Николе, Чашка, Штип, Гевгелија, Кавадарци, Конче, Неготино, Ново Село, Прилеп, Радовиш, Битола, Дебарца, Демир Хисар, Долнени, Кичево, Крушево, Охрид, Гостивар, Маврово и Ростуши – рече Деркоски.

Од ДИК посочија дека секој изборен процес се зголемува бројот на избирачки места во кои не е исполнет законскиот рок минимум од десет гласачи за да се спроведе изборниот просец.

За набљудување на изборниот просец треба да се достави барање до ДИК, од денот на распишување на изборите, најдоца десет дена пред денот на гласање. Последен ден за поднесување на барање е на 10 април.

До сега се поднесени барања од Демократскиот институт на Косово за девет акредитации, граѓанската организација МОСТ за 1527 акридитации и Здружението на граѓани ЦИВИЛ за 148 акридитации, и истите се прифатени.

Гласачко ливче ќе изгледа исто како и на претходните претседателски избори, ќе го содржи знамето на државата и кандидатите под реден број. За останатие елементи ДИК допрва ќе утврдува.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...