Заев: Ако има докази ќе се постапи по барањето за екстрадиција за структури на ФЕТО

460

Македонија ќе постапи според меѓународните правила и договори во однос на барањето за екстрадиција во Турција на неколку нејзини државјани, истакна денеска премиерот Зоран Заев на работилницата за „Гаранција за млади“

– Турција е голем пријател на Северна Македонија и тие укажуваат секогаш заради тоа што нивните очекувања ги аргументираат со нивни аргументи кои ги имале како сознание во Турција. Ние постапуваме со меѓународните правила, договори и регулативи кои постојат во нашата земја. За ваквите предмети надлежно е Јавното обвинителство и тие доколку утврдат докази, треба да постапат и без барање на турската држава – истакна Заев.

Тој уште еднаш потенцираше дека доколу постојат докази веднаш ќе се постапи.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...