Почина единствената Србинка која го завела Џејмс Бонд, убавата нишлијка Наџа ФОТО

Иако во официјалната биографија стои дека Наџа е родена во Ниш, европската филмска дива со српско потекло своите први актерски чекори ги направила во Краљево.

1877

Српската актерка Наџа Регин која се појавила во филмовите за Џејмс Бонд „Од Русија со љубов“ (1963) и „Голд-фингер“ (1964), починала на 87-годишна возраст, само една недела по смртта на уште една девојка на Бонд, Танија Малет.

„Многу ни е жал што Наџа Регин почина на 87 години. Нашите мисли се со нејзиното семејство и пријателите“, пишува на официјалната страница на филмовите за агентот 007 на Твитер.

Иако во официјалната биографија стои дека Наџа е родена во Ниш, европската филмска дива со српско потекло своите први актерски чекори ги направила во Краљево, каде го поминала детството, на приредбите за деца, а имала тогаш само седум години.

Во „Од Русија со љубов“, ја играла девојката на негативецот Карим, додека наредната година во „Голд-фингер“, со улогата на Бонита станала и една од девојките на Бонд. Соработката со актерот Шон Конери ѝ ги отворил потоа вратите во светот на глумата.

 

ФОТО: Профимедиа

ФОТО: Принтскрин/Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...