До претседателот Ѓорге Иванов пристигнати се повеќе барања за помилување на лица од случајот „27 април“, а во петокот во попладневните часови пристигнато е и уште едно, потврдија кратко од Кабинетот на Иванов за Плусинфо.
Оттаму, засега нема повеќе информации во врска со тоа за кои лица се бара аболиција и дали е пристигната иницијатива и за други случаи.
Според непотврдени информации кои викендов ги објави ТВ 24, меѓу оние кои бараат помилување е Митко Чавков, како и екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски. На предлог листата, наводно биле и имињата на бегалецот Никола Груевски, но и на Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски и уште неколкумина други поранешни функционери.
Сите споменати, се осомничени во истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, која се однесува на организаторите и нарачателите на „крвавиот четврток“.
Митко Чавков, пак, е обвинет во предметот кој веќе заврши со првостепена пресуда, доби 18 години затвор.
Во овој премет, каде првично беа обвинети 33 лица, 15 добија амнестија, Игор Дурловски доби ослободителна пресуда, а со Чавков, затворски казни добија уште 15 лица.
Таа, по 15 години затвор добија: Душко Лазаров, Митко Пешов, Горан Ѓошевски Леви, Мунир Пепиќ, Никола Митревски-Кољо, Јане Ченто и Влатко Трајковски.
14, пак, Вилијам Михајловски.
Една година помалку или 13 години судот изрече за Оливер Поповски.
Казни од 12 години затвор со првостепената пресуда осудени се: Игор Југ, Младен Додевски и Горанче Ангеловски Ќосето.
10 години доби Оливер Радулов.
Под 10 години добија Александар Василевски-Нинџа – осуден на 8 години, а една помалку односно 7 години доби Абдуљфета Алими.
ФОТО: EPA/NAKE BATEV