Милошоски ја пречкрта Северна во Стразбур ФОТО

1640
20150915 Tuesday 1311 sobranie pratenici Antonio Miloshoski Milososki

 

Пратеникот Антонио Милошоски, кој со македонска делегација во Стразбур, учествува во работата на  Парламентарното Собрание на Советот на Европа ја пречкрта Северна Република Македонија на својата апликација.

„Македонија е името на народната воља, согласно референдумите од 1991 и 2018 година!
Искористи ја за таа цел секоја можност, секоја акредитација, секој потпис и обележје, дома и во странство, во име на правото на самоопределување и заради достоинството на секој Македонец!,“напиша Милошоски на Фејсбук.

Во наредните неколку дена делегацијата на македонското Собранието е во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, предводена од шефот на делегацијата Бетиане Китев, а во чиј состав се и пратениците Шпреса Хадри и Антонијо Милошоски. Тие ќе учествуваат на Вториот дел од редовната сесија на ПС на СЕ што се оддржува во Стразбур, Република Франција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...