Неколкумина пожарникари речиси три часа интервенираа за да го спасат возачот на камион, кој по судир со минибус излетал од патот и паднал во Раечка Река кај Дреновската клисура.
– Мораше да ја исечeме половина кабина за да стигнеме до човекот. Дополнителен проблем беше што половина кабина беше во реката, а и цело време врнеше интензивно – рекоа пожарникарите за Плусинфо.
Возачот е префрлен во кавадаречката болница, потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Сообраќајот во моментов се одвива наизменично по една лента, зашто увидот е во тек.